Гаражи, базени, потпорни ѕидови - граѓаните ќе може да градат без да добијат одобрение за градба - ова е предвидено во измените на Законот за градење. Ќе внесе ли хаос на терен ваквиот предлог? За куќите што ќе се градат со површина до 200 метри квадратни - нема да се бара ревизија на основниот проект и нема да има задолжителен надзор на градбата. Ќе се ставаат во функција со изјава од изведувачот - заверена на нотар дека се изградени согласно одобрениот проект. Градежниците со став дека ова ќе се злоупотребува. Ова претставуваше дополнителен трошок за индивидуалните лица, значи требаше да се плати надзорен инженер што чинеше многу. Тоа беше една од забелешките на граѓаните.
Гаражи, базени, потпорни ѕидови - граѓаните ќе може да градат без да добијат одобрение за градба - ова е предвидено во измените на Законот за градење. Ќе внесе ли хаос на терен ваквиот предлог?
За куќите што ќе се градат со површина до 200 метри квадратни - нема да се бара ревизија на основниот проект и нема да има задолжителен надзор на градбата.
Ќе се ставаат во функција со изјава од изведувачот - заверена на нотар дека се изградени согласно одобрениот проект. Градежниците со став дека ова ќе се злоупотребува.
„Ова претставуваше дополнителен трошок за индивидуалните лица, значи требаше да се плати надзорен инженер што чинеше многу. Тоа беше една од забелешките на граѓаните“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Се предлага и да не се бараат локациски услови, оти се одолговлекувале постапките. Законите во градежната сфера континуирано се менуваат - експертите сметаат дека тоа предизвикува дополнителен хаос на терен.
Власта се правда дека само ги олеснувала процедурите - но, на сила остануваат спорни членови во градежната сфера, кои се дадени на Уставен суд, а владата не ги менува како што е одредбата за конфискација на земјиште и имот ако дел од објектот е дивоградба.
Власта не се откажува од оваа намера иако во меѓувреме се носи закон за легализација на дивоградби.